Утрински Весник
Македонија

Единаесет пожари на отворено изминатото деноноќие

1718698047 Pozarna.webp.webp

Единаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатите 24 часа. Како што се наведува во соопштението, сите биле изгаснати.

Во село Арачиново горела депонија, во Горно Лисиче гореле ниска вегетација, ѓубре, жито, се интервенирало на пожар и кај хотел „Њу стар“ во Бутел, потоа во Ѓорче Петров, сува трева и гранки биле опожарени во Долно Свиларе, депонии гореле во Петровец и Росоман, опожарена била трска кај хотел „Метропол“ во Охрид, неготински пожарникари интервенирале во Пепелиште, а во општина Кочани, кај месноста „Трајаново Трло“, запалени биле сува трева, гуми, пластика и друго ѓубре.

На бројот за итни случаи – 112, изминатите 24 часа регистрирани се вкупно 2.145 повици. Како реални од нив биле категоризирани 64,20 проценти.

– Кон полицијата биле упатени 58,98 отсто, кон Итната медицинска помош – 26,27 проценти, а кон пожарникарите – 6,97 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, пишува во денешното соопштение.

Можете да прочитате

Зел 7.500 па побарал уште 10.000 евра мито, се бара притвор за помошник директорот во Царина

Дајмонд Мол со две европски награди за најдобар проект од областа на општествената одговорност 

ВРЕДИ: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството