Утрински Весник
Магазин

Еден од омилените ликови во „Сексот и градот“ се враќа

Еден од омилените ликови во „Сексот и градот“ се враќа

Објавени се нови фотографии од снимањето на And Just Like That… („И, едноставно, така…“), новата сезона на хит-серијата „Сексот и градот“.

dobivaj vesti na viber

Втората сезона е во подготовка, а фотографиите открија дека се враќа еден од омилените актери од оригиналната серија.

Имено, „Ејч-би-о макс“ со фотографии го најави враќањето на Џон Корбет, актерот што го отелотвори Ејдан, големата љубов на Кери. „Шш, никому не кажувај му“, пишува во описот на објавата.

На фотографиите, Кери и Ејдан одат по улица држејќи се за рака, што сугерира дека поранешната двојка ја обновила својата романса.

Поминаа повеќе од десет години откако фановите на серијата ги видоа Ејдан и Кери заедно. Во 2010 година Ејдан се појави во филмот „Сексот и градот 2“, кога тој и Кери случајно се сретнаа во Абу Даби и се бакнаа.

Тој првпат се појави во третата сезона на серијата, а нивната врска завршува кога Кери ќе му го скрши срцето. По разделбата со Кери, тој се оженува со колешката Кети и со неа има три деца, а втората сезона ќе ја открие состојбата на нивниот брак и каква иднина го чека со Кери.

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност