
Прес-конференција на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ:
Почитувана јавност,
СДС на Венко Филипче продолжува со серијата со наслов – ширење паника и хистерија меѓу граѓаните.
Притоа видливо е непознавањето на основните работи кога станува збор за дата центрите или центри за податоци, или пак можеби само се грижи за личните интереси.
Филипче и СДС треба да знаат дека едно се инвестиции од поединци како онаа во Пехчево, а друго е кога државата преговара за отворање на вакви дата центри.
И премиерот Христијан Мицкоски во јавноста прецизно објасни како би се одвивала процедурата кога станува збор за државата. Јасно кажа дека кога државата ќе преземе институционален чекор за изградба на таков објект, јавно ќе биде се презентирано. Официјалните информации се и дека се преговара со пет или шест потенцијални инвеститори. Се разбира, притоа никако нема да се посегне по она што подразбира животна околина и животен стандард на граѓаните, а за што Филипче вели дека е загрижен.
Дали можеби целата грижа кај Филипче е поради лични причини. Дали грижата се појави во момент кога Филипче виде дека нема да може валкано со низа манипулации да се занимаат со ова луѓе блиски до него и до другар му Зоран Заев, како што тоа го правеа кога стануваше збор за марихуаната.
Видовме дека Филипче во периодот кога се шеташе со Заев по Егејот имаше проблеми од сонцето и топлината па беше дезориентиран. И сега како да е ист, само се вклучува кога неговиот и бизнисот на Заев не поминуваат.


