Утрински Весник
Свет

ЕЦБ ги задржа сегашните каматни стапки во еврозоната, во фокусот зголемувањето на цените на услугите

Ecb.webp.webp
300x250 (7)

Европската централна банка (ЕЦБ) денес ги задржа каматните стапки во еврозоната на сегашното ниво, истакнувајќи го поблагиот раст на платите, но и континуираниот силен раст на цените на услугите во услови на „отпорна“ побарувачка.

Така, тие ја оставија каматната стапка за рефинансирање на банките на 4,5 отсто, а каматната стапка на банкарските депозити преку ноќ на 4,0 отсто. Комерцијалните банки ќе продолжат да плаќаат каматна стапка од 4,75 отсто за кредитите преку ноќ, се наведува во соопштението на ЕЦБ.

Ss1

Повеќето показатели сигнализираат слабеење на основната инфлација, посочува ЕЦБ, растот на платите постепено забавува, а компаниите покриваат дел од повисоките трошоци за работна сила на сметка на профитот.

ЕЦБ претходно го издвои растот на платите меѓу главните показатели што има намера да ги следи при одлучувањето за каматните стапки. Во четвртиот квартал, намалените плати се зголемија за 4,5 отсто, по растот од 4,7 отсто во претходните три месеци, а новите показатели сигнализираат на дополнително забавување на нивниот раст, забележуваат тие.

Противтежа на благиот раст на платите е континуираното силно зголемување на цените на услугите во услови на „отпорна побарувачка“, посочуваат оттаму. Тие ги наведоа и условите за намалување на трошоците за задолжување.

Управниот совет ќе заклучи дека е „соодветно“ да се олесни рестриктивната монетарна политика доколку ажурираните прогнози за инфлацијата и „динамиката“ на базичната инфлација „дополнително го поддржат“ неговото верување дека инфлацијата постојано се приближува до целното ниво од два проценти.

Нагласија дека ќе продолжат да ги следат податоците и да го утврдуваат „соодветното“ ниво на каматните стапки од „седница до седница“. Банката нема однапред да се заложи за конкретен правец на монетарната политика, додаваат оттаму.

Централната банка на 20-члената еврозона ги задржа клучните каматни стапки на исто ниво од септември минатата година. Во циклусот на заострување на монетарната политика од јули 2022 до септември 2023 година тие ги зголемија за 4,5 процентни поени.

Во март годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (ХИЦП), се лизна на 2,4 отсто, од 2,6 отсто во февруари, покажуваат првите проценки на Евростат. На месечно ниво, цените во март пораснаа за 0,8 отсто, по растот од 0,6 отсто.

На својата мартовска седница, ЕЦБ ја намали проценката за инфлацијата во еврозоната оваа година за 0,4 процентни поени, на 2,3 отсто, поради падот на цените на енергијата. Во 2025 година треба да се намали на целните 2,0 проценти.

Без енергија и храна, базичната стапка на инфлација треба да биде 2,6 отсто оваа година и да се спушти на 2,1 отсто во 2025 година.

Ss1

Можете да прочитате

Гутереш: Израелската офанзива во Рафа би била неподнослива ескалација на ситуацијата

Меѓународниот суд на правдата во Хаг одби да и нареди на Германија да ја стопира воената и друга помош за Израел

Трамп казнет со 9.000 долари поради коментирање сведоци во текот на судењето