Утрински Весник
Македонија

Eдинствена Македонија: Власта да го прикаже потеклото на 11 милиони евра што Мијалков ги понуди како гаранција

Eдинствена Македонија: Власта да го прикаже потеклото на 11 милиони евра што Мијалков ги понуди како гаранција

Единствена Македонија ја повикува власта јавно да го покаже потеклото на 11-те милиони евра кој Сашо Мијалков ги понуди како гаранција да излезе од притвор.

Од партијата на Јанко Бачев велат дека некои прашања заслужуваат одговор, а потеклото на 11 милиони евра судска гаранција несомнено е прашање за кое народот мора да го знае одговорот.

„Зоран Заев како опозиционер велеше дека претходната власт украла 5 милијарди евра и сликовито ветуваше, цитираме: ‘уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар’. А токму Сашо Мијалков е носител на грабежот кај претходната власт.

Но, за жал, Единствена Македонија однапред изразува скептицизам дека власта јавно пред народот ќе го покаже потеклото на богатството на Мијалков и тоа од оправдани причини: И марионетската власт во Скопје длабоко е заглавена во милијарди евра грабеж на народен имот.

Потеклот на имотот во изминатите 30 години може да направат само чесни политичари без ниту една дамка и криминална афера во својата професионална кариера и со силна национална и патриотска определба. Одговорност за грабежот на народни пари мора да има. Украденото од позиција на власт во изминатите 30 години мора да се конфискува и тоа ќе биде направено“, наведе Единствена Македонија преку соопштение.

Можете да прочитате

Приведен косовски државјанин, превезувал  стока без документација

Рокас: Единствена цел во мојот мандат е да и помогнам на земјава да влезе во ЕУ

Собраниска делегација на 149. Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева