Утрински Весник
Економија

Двете емисии на државни обврзници во вкупен износ од околу 50  милиони евра од денеска котираат на берзата

Denari 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од Македонската берза соопштија дека од денеска на официјалниот пазар се два вида на државни обврзници издадени од Министерството за финансии со рок на враќање од 15 години и во вкупен износ 49,5  милиони евра.

Првата емисија на обврзници е без девизна клаузула со вредност од 2.466.400.000 денари повеќе од 40 милиони евра). Издадени се 246.640 хартии од вредност со номинална вредност од 10.000 денари. За нив ќе се пресметува каматна стапка од 5,6 %, а датумот на достасување е 12 април 2039 година.

Втората емисија на обврзници е со девизна клаузула. Издадени 57.929 хартии од вредност, а вредноста на целата емисија е 579.290.000 денари (повеќе од 9,4 милиони евра). И овие државни обврзници доспеваат на 12 април 2039 година, а се со каматна стапка од 5,35%.  Номинална вредност на една акција е 10.000 денари.

Вообичаено државните обврзници ги купуваат комерцијалните банки, фондовите и пензиските и осигурителните друштва.

Котирањето на државните обврзници на Македонска берза започна од почетокот на 2019 година.

Можете да прочитате

Бензините поевтинуваат – 24info.mk

Ристески: Од 1 јануари Владата ќе пресметува просечна потрошувачка кошничка

Николовски: Македонија чекор поблиску до ЕУ – потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија