Утрински Весник
Економија

Двете емисии на државни обврзници во вкупен износ од околу 50  милиони евра од денеска котираат на берзата

Denari 2.jpg
300x250 (7)

Од Македонската берза соопштија дека од денеска на официјалниот пазар се два вида на државни обврзници издадени од Министерството за финансии со рок на враќање од 15 години и во вкупен износ 49,5  милиони евра.

Првата емисија на обврзници е без девизна клаузула со вредност од 2.466.400.000 денари повеќе од 40 милиони евра). Издадени се 246.640 хартии од вредност со номинална вредност од 10.000 денари. За нив ќе се пресметува каматна стапка од 5,6 %, а датумот на достасување е 12 април 2039 година.

300x250 (7)

Втората емисија на обврзници е со девизна клаузула. Издадени 57.929 хартии од вредност, а вредноста на целата емисија е 579.290.000 денари (повеќе од 9,4 милиони евра). И овие државни обврзници доспеваат на 12 април 2039 година, а се со каматна стапка од 5,35%.  Номинална вредност на една акција е 10.000 денари.

Вообичаено државните обврзници ги купуваат комерцијалните банки, фондовите и пензиските и осигурителните друштва.

Котирањето на државните обврзници на Македонска берза започна од почетокот на 2019 година.

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз