Утрински Весник
Македонија

Две жени со повреди однесени во болница, „хјундаи“ излета од пат во Куманово

Две жени со повреди однесени во болница, „хјундаи“ излета од пат во Куманово

Вчера околу 14 часот на локален пат Куманово-с. Речица, патничко моторно возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(58) од с.Речица, излетало надвор од коловозот.

dobivaj vesti na viber

С.С. (женско лице) и сопатничката М.И.(34) од Куманово, биле пренесени во Општа болница Куманово, каде од лекар на С.С. и била констатирана тешка телесна повреда, а на сопатничката М.И. и била констатирана телесна повреда.

„За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Македонија го почнува првото генетско пребројување на кафеавата мечка

Од првиот министер за одбрана до првороденото дете во независна Македонија – специјално „Отворено студио“ на 4TV

Крвава ноќ во Скопје: Убиен 26-годишник, застрелан на Пластичарска