Две девојчиња се осомничени за убиство на 12-годишно девојче во Фројденберг, Германија, јавуваат германските медиуми.
Телото на девојчето било пронајдено во неделата, а подоцна било потврдено дека починала од насилна смрт, пишува „Дојче веле“.
Германските медиуми јавуваат дека двајца нејзини врсници се осомничени за убиството.
Девојчето исчезнало во саботата вечерта додека се враќало дома од кај пријателите, а нејзиното тело било пронајдено еден ден подоцна во близина на велосипедска патека на границата меѓу двете германски покраини.
На местото на злосторството е пронајден и предмет, кој, најверојатно, му припаѓа на еден од осомничените.
„Тој чин ме шокира. Секое убиство е страшно, но да 1 се одземе животот на толку млада девојка е особено сурово. Целиот живот го имаше пред себе. Јас имам три ќерки, сега и внуци. Помислата колку е ужасно ова злосторство за нејзините родители е неподнослива. Сочувствувам со нив и се надевам дека ова злосторство набргу ќе излезе на виделина“, изјави за „Билд“ министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Рол.
Полицијата во текот на денешниот ден треба да одржи прес-конференција за да открие повеќе детали за злосторството.