Утрински Весник
Спорт

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

Rikic Pelister 696x391 1.gif

Кошаркарите на Работнички израмнија (1:1) во полуфиналната серија од разигрувањето за титулата во мак-баскетот кој прв до три победи, во пресметката со битолски Пелистер, откако вечерва во вториот домашен натпревар во СРЦ „Кале“ славеа со 75:69. Серијата продолжува со два натпревари во Битола, првиот нареден е на 9 мај. По неочекуваниот кикс во првиот меч, Работнички покажаа дека е решен да го анулира убедливиот пораз (63:86), од првиот меч, најавувајќи неизвесна полуфинална серија која на крајот би можела да оди и во максималните пет меча. Роберт Рикиќ беше убедливо најдобриот поединец во таборот на Работнички завршувајќи го мечот со дабл-дабл учинок од 22 поени и 14 скока, а добро го следеше Бобан Стајиќ кој заврши со 15 поени. Кај актуелниот вице-првак Пелистер расположен беше Јуре Планиниќ кој мечот го заврши со 23 поени и седум скока.

Утревечер вториот меч од полуфиналната серија ќе го играат актуелниот првак МЗТ Скопје и ТФТ во СЦ „Јане Сандански“.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл