Утрински Весник
Свет

Две лица загинаа во невреме со торнадо во Оклахома

Две лица загинаа во невреме со торнадо во Оклахома

Најмалку две лица загинаа во округот Меклејн, во Оклахома, кога силно невреме проследено со торнадо зафати неколку региони во централниот дел на САД, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

„Спасувачките екипи им помагаат на повредените и на заробените во нивните домови“, објавија на „Фејсбук“ од управата за итни случаи на округот Меклејн апелирајќи до жителите да ги напуштат погодените области.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за силни грмотевици, град и торнадо во текот на вечерниот период во делови од централниот дел на САД, вклучувајќи ги Оклахома, Канзас и Ајова.

Можете да прочитате

Силен руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса

Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокада

Ликот на Трамп ќе се појави на монетата од еден долар