Утрински Весник
Македонија

Две лица се приведени, а се трага по 18-годишниот возач, кој вчера возач усмрти жена во Скопје и неговиот татко

614785629 1180788430898349 3798549540006975182 n.jpg

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт” во Скопје околу 11:30 часот, во која патничко возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (18) од Скопје, удри во Љ.Ј. (79) од Скопје, која почина од здобиените повреди, а возачот со возилото избега од местото на настанот.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презедоа мерки и активности за пронаоѓање на возачот и возилото. Преку камерите на „Безбеден град” и дополнителни проверки на камерите на околните објекти, како и изјави на сведоци, утврдено е дека се работи за патничко возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.С. (45) од Скопје, а управувано од неговиот син С.С. (18).

Возилото е пронајдено пред домот на сопственикот, а таму е затекнат С.С. (69), кој е приведен во полициска станица и со него е извршен службен разговор. Утврдено е дека возачот С.С. (18) и неговиот татко Б.С. (45), со помош на Ш.П. (45) и А.Ј.(53) од Скопје, ја напуштиле државата во текот на вчерашниот ден.  Ш.П. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторено кривично дело „помагање на сторител  во извршено кривично дело” по чл.365 ст.2 а во врска со чл.300 и 301 од КЗ.

Против возачот С.С. (18) е поднесена кривична пријава за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот” по чл.300 ст.2, а во врска со чл.297 ст.1 од КЗ и за ,,неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода” по чл.301 ст.2, а во врска со чл 300 ст.2 од КЗ и се преземаат мерки за негово пронаоѓање и пронаоѓање на Б.С..

За двете лица распишана е потерница, а пронајдени се возилото „фолксваген пасат” со кое е удрена жената и возилото „мерцедес” со кое С.С. и Б.С. ја напуштиле државата и двете возила се одземени во полициска станица и известен е јавен обвинител за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Хуманитарни акции по повод одбележување на Денот на Генералштабот на Армијата и реализација на вежбата „БЛЕСОК 26″

Хоџа го одбележа Денот на планетата Земја со нови садници во чест на најмладите

Алиу најави можност лекар да може да евидентира доколку забележи пациент што претрпел насилство, а не го пријавил