Утрински Весник
Македонија

Две лица повредени откако возило излетало од патот Ресен-Охрид

Тешко повреден охриѓанец кога со возило излетал од регионалниот пат Охрид – Свети Наум
Dik 300x250 mk

Вчера во 13.40 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на клучката за селото Куратица, охридско, Д.Н.(33) од ресенското село Јанкоец, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.

dobivaj vesti na viber

Возачот и сопатникот Д.Р.(28) од истото село биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што кај Д.Н. биле констатирани телесни повреди, додека кај Д.Р. констатирани се тешки телесни повреди.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Променливо облачно време со локални врнежи

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет