Утрински Весник
Спорт

Алвеш ја силувал девојката и ја терал да вика дека е негова „мала ку..а“

Алвеш ја силувал девојката и ја терал да вика дека е негова „мала ку..а“

Шпанските и бразилските медиуми објавија нови детали за случајот на Дани Алвеш (39), кој се наоѓа во притвор, под обвинение дека 30. декември минатата година во ноќниот клуб Сатон во Барселона, силувал 23. годишна девојка.
Девојката два дена подоцна го пријавила во полиција, а откако е поднесено обвинението за тешко кривично дело, Дани Алвеш неколку пати го менувал исказот. Затоа, пишуваат Шпанците, истражниот судија одлучил да го задржи во притвор.

dobivaj vesti na viber

Алвес во полиција изјавил дека ништо не се случило меѓу него и девојката и дека воопшто не ја познава. Рекол дека единствената врска е тоа што во исто време биле во ноќен клуб, но дека таму бил многу кратко. Но, откако бил приведен пред судијата дал две различни изјави.

Во првата изјавил дека девојката ја пронашол во тоалетот на ВИП делот на клубот случајно кога влегол во тоалетот, по што набрзо ја напуштил просторијата и дека нивната кратка средба била единствениот контакт меѓу нив. Во втората изјава тој рекол дека со девојката во тоалетот на клубот имал сексуален однос со нејзина согласност.

Шпанскиот медиум „Периодико“, пишува дека снимките од надзорните камери го откриваат клучниот доказ во истрагата и дека Алвеш го сменил сведочењето кога ја видел снимката. На нив се гледа дека Алвеш и жртвата на нападот 15 минути во исто време биле во тоалетот. Ова е многу повеќе од она што го тврдеше Алвеш и точно онолку колку што девојката тврди од самиот почеток. Исто така, изјавите на сведоците ги побиваат изјавите на Алвеш.

Пријателите на нападнатата девојка и келнерот кои Алвеш ги испратил да ги покани на неговата маса веднаш ѝ кажале на полицијата дека Алвеш и пришол на девојката. „Периодико“, пишува дека набрзо станал насилен.

Девојката тврди дека Алвеш ја фатил за рака и ја влечел до тоалетот. Таа вели дека се обидела да побегне оттаму, но дека Алвеш ја затворил вратата и ја спречил во тоа.

Во продолжение следува опис на грозоморниот чин: „Жртвата изјавила дека Алвеш и го подигнал фустанот, ја натерал да вика дека е негова „мала ку..а“ и ја принудил да седне врз него. Потоа и удрил шлаканица, ја фрлил на подот и ја силувал.

„Потоа и рекол да почека додека не излезе од тоалетот“, пишува Периодико.

Алвес се соочува со затворска казна од четири до 12 години доколку биде прогласен за виновен на судењето.

Девојката која е жртва на нападот инсистира дека не сака никакво обештетување за претрпената траума и дека единствен мотив и е правдата да биде задоволена.

Можете да прочитате

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Чави и да не се премисли останува во Барселона