Утрински Весник
Македонија

Сертификат кој бил добиен со фалсификат беше презентиран денеска како доказ во судскиот процес против Димитровска

Tatjana Dimitrovska.jpg

Во судскиот процес против поранешната претседателка на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, денеска како доказ беше презентиран сертификат за кој обвинителството тврди дека е добиен со фалсификат.

На рочиштето беа изнесени и дополнителни материјали, меѓу кои предмети поврзани со судир на интереси што се воделе во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во периодот додека Димитровска ја раководела институцијата. Презентирани беа и документи за имотната состојба на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, кој исто така е обвинет во предметот „Адитив“.


Обвинителството најави дека на следното рочиште ќе бидат изнесени и преписки меѓу Димитровска и Стојановиќ, со кои ќе се обидат да докажат оддавање службена тајна.

Одбраната, пак, останува на ставот дека нема кривично дело. Димитровска на почетокот на судењето негираше вина, тврдејќи дека информациите на кои се однесуваат пораките биле јавно достапни и разгледувани на седници, поради што, според неа, не станува збор за доверливи податоци.

Вина негираа и останатите обвинети во случајот, меѓу кои и ревизорот Миле Столевски, кој се товари дека го полагал тестот за сертификат за „државна тајна“ во име на Димитровска, како и Билјана Мантева од ТЕЦ Неготино.

Судењето продолжува со изведување на докази и сослушување на странките во постапката.

Можете да прочитате

Марковиќ: Агресивната пропаганда му се врати како бумеранг на Орбан

Марковиќ: Случувањата во Бугарија ќе бидат поклучни за Македонија од промените во Унгарија

Промоција на „Женскиот идентитет и женскоста низ поетската призма“ од Рената Пенчова