Утрински Весник
Економија

Дурмиши: Минималната плата ќе се усогласува законски и одржливо

Durmisi.webp.webp

На денешната петта седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) се разговараше за клучни прашања поврзани со пазарот на труд, животниот стандард и социјалниот дијалог. Усогласувањето на ставовите меѓу Владата, синдикатите и работодавачите останува основен принцип во креирањето на економските и социјалните политики.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, го презентираше напредокот во подготовката на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2026 година, со вкупен буџет од 2,39 милијарди денари. Фокусот е ставен на младите, на обуките за вештини што ги бара пазарот на труд и на вклучувањето на ранливите категории, особено лицата со ниско или без формално образование.

„Ставот на Министерството во однос на минималната плата е јасен и заснован на официјални податоци. Инфлацијата покажува стабилизација, а законски утврденото усогласување во март останува единствениот одржлив и предвидлив механизам за раст на минималната плата”, изјави министерот Дурмиши.

Можете да прочитате

Најмногу средства од ребалансот на Буџетот за министерствата за животна средина и за транспорт

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година, обезбедени повеќе пари за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и стабилни јавни финансии

Мицкоски за вчерашната средба со претставниците на ланци на маркети: Се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти