Утрински Весник
Македонија

ДУИ за изјавата на Мицкоски: Состојбата на Албанците се враќа во атмосферата пред 2001 година

Dui Mala Rechica 623x330 1.jpg

Од ДУИ денеска испратија реакција по повод изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека „ДУИ треба да донесе креативни идеи“ и дека „поплаките за деградација на ситуацијата на албанците се само заштита на корупцијата“.

Како што велат, сакаат јасно и недвосмислено да истакнат дека состојбата на Албанците денес во Република Северна Македонија се враќа во атмосферата пред 2001 година.


„И тогаш, никој не сакаше да ги слушне автентичните поплаки на Албанците.

Наместо тоа, тие легитимни реакции беа прогласувани за сепаратистички и иредентистички аспирации.

Се ширеа наративи дека „Албанците се во добра положба“ — додека во реалноста беа угнетени, исклучени и невидливи во државните институции.

Дури по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, светот ја виде вистината: Албанците беа системски маргинализирани и дискриминирани.

Денес, 20 години подоцна, повторно се прават обиди да се замолчат легитимните поплаки на Албанците — но со нов наратив.

Не повеќе како „сепаратисти“ или „иредентисти“, туку како „корумпирани“. Иста содржина, само со нова амбалажа.

Стар обид да се релативизира вистината, да се пренасочи дебатата и да се покрие реалноста која секој граѓанин ја чувствува.

Ако Премиерот бара креативни идеи, тогаш му предлагаме неколку:

• Не го допирајте Охридскиот рамковен договор – тој е темелот на соживотот и гаранција за еднаквост.

• Не го допирајте Законот за употреба на албанскиот јазик.

• Да спроведеме целосен ветинг на сите функционери од 1991 година до денес – да се истражат имотите, изворите и начинот на кој се стекнати.

• Да се отвори повторно процесот на приватизација – за да се открие како беше ограбено јавното богатство и кој профитираше од тоа.

Ова се креативните идеи што му се потребни на државата.

Не големи зборови за прикривање на новите неправди, туку храброст да се соочиме со старите вистини“, велат од ДУИ.

Можете да прочитате

Судијата кој сам со пречкртување си ги поправал оцените, денеска пресуди само 2 години затвор за прегазената девојка во Тетово?!

Aктивна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка

Мицкоски: Нема да има промени во владата пред локалните избори