Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Уште еден странски инвеститор си заминува – Владата да одговори колку работни места се загрозени

Dui 1.webp.webp

Соопштение за јавност на ДУИ:

Уште една странска компанија ја затвора својата инвестиција и ја напушта Северна Македонија. За само две години, три американски и германски инвеститори донесоа одлука да го прекинат или да го преселат своето производство, што претставува сериозен удар за економијата и за вработените.

Ова веќе не може да се претставува како изолиран деловен случај. Инвеститорите гледаат држава без јасна европска перспектива, со испразнет буџет, економска неизвесност, нарушени односи со соседите и сè потензични меѓуетнички односи.

Последиците директно ги чувствуваат граѓаните. Со затворањето на инвестициите се губат работни места, се намалува економската активност и дополнително се зголемува иселувањето на младите и на квалификуваните работници.

Демократската унија за интеграција бара Владата веднаш да соопшти колку работници ќе останат без работа, дали и други компании најавиле повлекување и кои конкретни мерки ги презема за задржување на постојните инвеститори.

Заедно со инвеститорите си заминуваат и работните места, надежта и можноста за подобар живот. Владата мора да преземе одговорност за економската несигурност што ја создаде.

Можете да прочитате

Еден месец од исчезнувањето на Љупчо, семејството бара помош

13 возачи уапсени за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие

Сообраќајка во струшко, две лица тешко повредени