Утрински Весник
Македонија

ДУИ: СДСМ не се однесува како опозициска партија на ВМРО-ДПМНЕ

Dui.webp.webp

Интегрален текст од сопштение за јавност на ДУИ:

Однесувањето на СДСМ денес изгледа како сè, само не како опозициска партија на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да се бори против актуелната власт, СДСМ се однесува како „заробена“ партија, која не се осмелува вистински да ја предизвика Владата, туку само ја легитимира со своето молчење и согласност. Оваа трансформација не е случајна.


„Необјавениот договор меѓу Мицкоски и Заев, со посредство на олигархот Анѓушев, има јасна цел: да обезбеди имунитет, во замена за власт што ќе го елиминира политичкото влијание на Албанците. Зарем не е токму ова причината зошто СДСМ не се спротивставува на засилувањето на елементите на „српскиот свет“ во Македонија?

Зошто не реагира на политиките што имаат за цел да ја намалат политичката и економската улога на Албанците? Зошто нема никаква критика за прекршувањето на етничкиот баланс, исклучувањето на Албанците од институциите и уривањето на механизмите на претставување? СДСМ веќе не е опозиција, туку тивок гарант на проект што им служи само на две групи: на ВМРО-ДПМНЕ и на оние што сакаат да го вратат назад процесот на политичка и економска еднаквост на Албанците.

Но, СДСМ не може да избега од својата историска одговорност. Како партија што тврди дека е левичарска, мора да се врати на својот идеолошки идентитет и да ги брани принципите врз кои е изградена: граѓанска еднаквост, правична застапеност, еднакви можности и општествен напредок. Молкот и покорноста пред националистичките агенди не е патот на СДСМ – тоа е патот кон нејзината конечна пропаст. Албанците нема да дозволат да бидат жртвувани во тајните политички зделки. А ниту македонските граѓани што веруваат во еднаквост и правда не треба да го дозволат тоа. Оние што денес молчат пред овa опасно сценарио, утре ќе сносат одговорност за неговите последици“.

Можете да прочитате

Демири: СДСМ се противи на национализмот и поделбите кои ги шири ДУИ

УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег

ВМРО-ДПМНЕ: Се намалија цените на над 1000 производи, се зголемуваат плати и пензии, расте бројот на странски инвестиции