Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Од рент-а-кар до луксузни апартмани – од каде капиталот на Недим Рама

Dui.webp.webp

Соопштение за јавност на ДУИ:

Денеска објавуваме нови информации, како продолжение на изминатите соопштенија поврзани со директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Ова што денеска го презентираме отвора сериозни прашања и претставува повод надлежните институции да постапат и да го испитуваат потеклото на капиталот и имотот.


Станува збор за компанијата ЛИНЕ ЛТД ДОО Скопје, која е во сопственост на Недим Рама и партискиот донатор на ВЛЕН, Анид Шазивари. Компанијата е регистрирана за изнајмување на автомобили и се наоѓа на официјалната листа на рент-а-кар компании на Меѓународниот аеродром Скопје.

Го прашуваме Недим Рама: со колкав капитал и од кои извори се обезбедени средствата за набавка на овие возила и колкава е нивната вредност?

Дополнително, преку истата деловна структура се издаваат и луксузни апартмани во Маврово. ДУИ изврши увид во податоците од Катастарот и според достапните информации, два апартмани се поврзани со Недим Рама – едниот е во негова лична сопственост, а вториот во сопственост на ЛИНЕ ЛТД ДОО Скопје.

Во еден од имотните листови како со-сопственик се појавува и Лирим Хајредини, со идеален удел од една половина заедно со Недим Рама.

Се поставуваат легитимни прашања: како е можно еден државен функционер да располага со капитал за возен парк за рент-а-кар компанија и со недвижности со висока вредност? Од кои извори се обезбедени средствата за овие инвестиции?

Се отвора и политичко прашање: дали зад овој брз раст на капиталот и деловните активности постои поширока политичко-бизнис мрежа блиска до Изет Меџити? Јавноста има право на одговор дали Недим Рама дејствува како поединец или е дел од поширок круг на влијание и интереси.

Затоа ги повикуваме Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да извршат детална проверка на потеклото на капиталот, финансиските текови и целокупната имотна состојба.

Граѓаните имаат право на одговори. Транспарентноста не смее да биде селективна, особено кога станува збор за јавни функционери. Одговор мора да има за секој денар, за секоја инвестиција и за секој имот што се појавува во јавноста.

Можете да прочитате

Левица: Владата на Мицкоски ги штити коцкарските бизниси поврзани со корупција и поткуп во Австрија

Фатени двајца крадци во Центар, украле сеф со пари од фирма 

Д-р Гавриловска Брзанов со повик за поддршка на органодарителството