Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Каде е инспекторатот за употреба на јазиците: Директорот од ВЛЕН веднаш да поднесе оставка

Dui.webp.webp

Соопштение за јавност на ДУИ:

Во само еден ден, Град Скопје двапати отворено ја прекрши законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје е двојазичен град и неговите институции имаат јасна законска обврска албанскиот јазик да го користат во официјалната комуникација.


Пред очите на јавноста, и покрај реакциите на граѓаните, Град Скопје продолжи да го игнорира законот, албанскиот јазик и албанската заедница, покажувајќи целосно непочитување кон мултиетничкиот карактер на главниот град.

Во ваква ситуација, прашањето е директно: каде е Инспекторатот за употреба на јазиците?

Оваа институција е формирана токму за да ги утврдува прекршувањата, да наложува нивно отстранување и да изрекува мерки против институциите што не го спроведуваат законот. Во нејзиното создавање се вложени години работа, кадар, обуки и институционални капацитети. Денес, директор поставен од ВЛЕН го има парализирано Инспекторатот и молчи пред очигледните прекршувања.

Молкот на Инспекторатот директно ги охрабрува прекршителите и го претвора исклучувањето на албанскиот јазик во институционална практика.

Бараме:

Итна оставка на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците.

Политичка одговорност од ВЛЕН, кој ја има заробено и блокирано оваа институција.

Итна правна одговорност за сите што го прекршуваат Законот за употреба на јазиците и поттикнуваат етничка нетрпеливост и омраза.

Законот мора да се почитува. Инспекторатот мора да постапува. Одговорните мора да одговараат.

Можете да прочитате

Претседателката на Индија вечерва пристигна во Скопје

Даниловски за Гостивар: Слаб надзор, доцни мерки и лоша комуникација не смеат да се повторат!

Шокантни анализи за водата во Гостивар: 48 пати повеќе бактерии од дозволеното, а граѓаните со денови ја пиеле!