Утрински Весник
Македонија

ДУИ ја поздрави одлуката на САД: Посветени сме на демократијата и транспарентноста

Dui 1 750x430 1.jpeg

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази почит кон одлуката на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави со која на црната листа се ставени Артан Груби, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, и Енвер Беџети, судија за Апелационен суд.

„Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, се вели во официјалното соопштение на ДУИ.


Партијата нагласува дека партнерството со САД е клучно за напредокот на земјата во градењето на силни демократски институции и владеење на правото.

Можете да прочитате

Кристијан Бајовски испиша историја – Гинисов светски рекорд поставен во Скопје

Функција или платена функција? – 24info.mk

Приведени 19 возачи, 10 возеле под дејство на алкохол, 8 без положен возачки испит