Утрински Весник
Свет

Дронови погодиле два грчки танкера во Црното Море

Haiti nesrekja brod.jpg

Два грчки танкера за транспорт на нафта беа погодени денес во Црното Море од неидентификувани дронови. Најмалку еден од нив требаше да вчита казахстанска нафта на руска територија.

Станува збор за танкерите „Матилда“, под знаме на Малта, и „Делта Хармони“, под либеријанско знаме, кои не претрпеле поголема штета, изјави официјално лице од грчкото министерство за поморство, пренесува Euraktiv.

Грчките и казахстанските власти не објавиле кој стои зад нападот.

Можете да прочитате

Трамп на вечерата со дописниците од Белата куќа: „Кога ќе заминам, сите ќе банкротирате“

Брод со 11 европски туристи исчезна кај индонезискиот остров Сулавеси

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евекуирани над 220 илјади луѓе