Утрински Весник
Балкан

Драма на небото над Грција: Се скрши прозорец на авион, повреден патник

Image 2026 07 10 124445874.png

Вистинската драма се одвивала во петок наутро на летот на „Рајанер“ од аеродромот во Солун до Минхен. При инцидентот, еден патник се здобил со полесни повреди.

Според информациите, пилотите го забележале проблемот веднаш по полетувањето, по што донеле одлука да се вратат во Солун. За време на спуштањето, дел од оштетениот мотор се одвоил и удрил во прозорец од кабината, при што еден патник бил лесно повреден. Официјалните лица посочуваат дека нема оштетувања на трупот на авионот.


По пријавениот проблем, на аеродромот во Солун биле активирани сите итни протоколи. Противпожарните екипи, брзата помош, полицијата и останатите служби биле во состојба на готовност, но авионот успешно слетал и бил пренесен во посебно обезбедена зона.

Четворица патници биле пренесени во болница од превентивни причини. Повеќето од нив биле брзо пуштени на домашно лекување, додека едно лице останало на дополнителни медицински прегледи.

Можете да прочитате

Мисија на Европскиот парламент ќе ги набљудува изборите во Србија и покрај задоцнетата покана

Дачиќ најави претседателска кандидатура во Србија

Хрватска набавува јужнокорејски ракети со дострел до 500 километри, потврди Пленковиќ