Утрински Весник
Македонија

Драган Илиевски и Зоран Попов именувани за директори на „Водовод“ и Зоолошката градина

Драган Илиевски и Зоран Попов именувани за директори на „Водовод“ и Зоолошката градина

По завршување на мандатот за кој беа назначени в.д. директорите на ЈП „Водовод и Канализација“, МКЦ и Зоолошката градина, градот Скопје назначи нови директори со значителено работно и раководно искуство.

dobivaj vesti na viber

Од прес-службата на Град Скопје информираат дека за нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“ е назначен Драган Илиевски кој е машински инженер со повеќе од 20 години работно искуство. Досегашниот директор Марјанчо Митовски кој на позицијата беше назначен од редот на вработените продолжува со ангажман како секторски директор на претпријатието.

Нов директор на Зоолошката градина е Зоран Попов, кој доаѓа од редот на вработените. Попов е економист со 20 годишно работно искуство.

Младинскиот културен центар МКЦ ќе добие нов директор по евалуацијата на биографиите за позицијата.

Косана Мазнева назначена е со нов мандат и продолжува да ја извршува функцијата директор на јавното претпријатие Комунална Хигиена.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов