
Соопштение за јавност на СДСМ:
ВМРО-ОКГ обвинува дека проблемот со Охрид на УНЕСКО листата на загрозено наследство постои 35 години и дека за две години не можат да го решат.
Сега бараат уште 6 години.
Ова е класичен пример на неспособност и лицемерие.
ВМРО-ОКГ со децении ја управуваше Македонија, вклучително и Охрид.
Само во времето на Никола Груевски, 10 години, потрошија над 1 милијарда евра за споменици во Скопје, додека за заштита на културното наследство во Охрид не дадоа ништо.
Градоначалникот на Охрид е од ВМРО-ОКГ уште од 2021 година, веќе 5 години.
Наместо да се справат со проблемот додека имаа апсолутна власт и буџет, парите одеа во криминални тендери и клиентелизам.
Сега, кога буџетот е празен, велат дека „не се Супермен” и дека им требаат уште 6 години. Но затоа се Супермен само кога станува збор за криминални тендери.
ВМРО-ОКГ ја држеше Македонија во свои раце со децении. Ако навистина сакаа да го заштитат Охрид, имаа повеќе од доволно време и пари.
Наместо тоа, избираа споменици, тендери и политички профит.
Граѓаните не заслужуваат нови изговори. Заслужуваат одговорност за тоа што со години се занемаруваше едно од најважните културни богатства на Македонија.
ВМРО-ОКГ не може да бега од одговорност со тоа што ќе ја префрла вината на „35 години”.
Тие беа дел од тие 35 години и тоа со најголема моќ.



