Утрински Весник
Спорт

Дополнителни проблеми за селекторот Милевски: Трајковски има настинка, Велковски е повреден

Дополнителни проблеми за селекторот Милевски: Трајковски има настинка, Велковски е повреден

Топспорт во Тбилиси,
Никола Ѓуровски

dobivaj vesti na viber

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (18 часот) во Тбилиси игра против Грузија. Тоа е претпоследен натпревар од годинашното издание во Лигата на нации, а селекторот Благоја Милевски се соочува со многу проблеми.

Повреди го мачат националниот тим. Ги нема капитенот Стефан Ристовски, Аријан Адеми, Дарко Чурлинов, Валон Етеми, а згора на тоа и овде во Тбилиси се појавија дополнителни проблеми.

Александар Трајковски има настинка и зголемена телесна температура, прашање е дали ќе може да настапи. Нова лоша вест е и повредата на Дарко Велковски, кој се пожали на болки во мускулот на вчерашниот последен тренинг.

„Не сме комплетни, во тимот веројатно има и принудно освежување и подмладување. Но, верувам во сите кои се овде и знам дека ќе го дадат максимумот на мечот против Грузија. Ако не мислевме дека можеме да победиме, немаше ниту да дојдеме“, изјави селекторот Благоја Милевски на прес – конференцијата.

Можете да прочитате

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали