Утрински Весник
Спорт

Дончиќ шоу против Голден стејт, со трипл-дабл ги урна шампионите

Дончиќ шоу против Голден стејт, со трипл-дабл ги урна шампионите

Далас Маверикс славеа победа 116:113 над актуелните шампиони, Голден стејт Вориорс. Натпреварот со нов трипл-дабл, го обележа Лука Дончиќ, а решавачката тројка во финишот на мечот ја постигна Тим Хардавеј јуниор.

dobivaj vesti na viber

Лука Дончиќ постигна најмалку 40 поени по јубилеен 20. пат во својата НБА кариера и на тој начин се изедначи со легендата на франшизата, Дирк Новицки, кому за 20 вакви натпревари му беа потребни 20 години.

Фантастичната игра на Дончиќ му помогна на Далас да ја прекине серијата од четири порази и да ги победи Голден Стејт Вориорс со 116:113, откако Клеј Томпсон промаши тројка за продолжение.

Дончиќ го оствари и својот јубилеен 40. трипл-дабл во НБА. Вкупно постигна 41 поен (шут 14/27, тројки 4/9, слободни фрлања 9/15) со 12 скока, 12 асистенции, една блокада, четири украдени топки и пет загубени топки. Тој е само шестиот играч во историјата со пет трипл-дабл натпревари, во кои постигнал најмалку 40 поени.

Тим Хардавеј јуниор, во стартната петорка го замени Реџи Булок, на крајот ги постигна клучните поени, а натпреварот го заврши со 22 поени. Кај Голден стејт, Стеф Кари уфрли 32 поени, но не доби никаква поддршка од соиграчите. Најблиску до него беше Џонатан Куминга со 14 поени, Дрејмонд Грин уфрли 12, а целосно потфрли Клеј Томпсон, постигна само пет коша.

Резултати:

Детроит – Њујорк 110:140
Далас – Голден стејт 116:113
Портланд – ЛА Клиперс 112:118



Можете да прочитате

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите