Утрински Весник
Спорт

Доминација на руските тенисери: Медведев и Рубљов станаа првите четвртфиналисти на турнирот во Мадрид

Csm Daniil Medvedev Madrid Cdfcef2b6c.jpg

Руските тенисери Данил Медведев и Андреј Рубљов станаа првите четвртфиналисти на АТП Мастерс 1000 турнирот на земја во Мадрид, откако во вторникот во осминафиналето ги победија Казахстанецот Александар Бублик и Холанѓанецот Талон Грикспур.

Медвједев (АТП – 4.) го победи Бублик (АТП – 18.) со 7-6 (3), 6-4 и го нанесе седмиот пораз во исто толку мечеви во кои казахстанскиот тенисер успеа да освои само еден сет.

За Медвједев пласманот во четвртфиналето е најдобар резултат на мастерсот во Мадрид, а за да оди чекор понатаму ќе треба да го победи подобриот од домашниот миленик Рафаел Надал и младиот 22-годишен Чех Јиржи Лехечка.

На Рубљов (АТП – 8.) му беа потребни само 64 минути за да победи со 6-2, 6-4 против Грикспур (АТП – 25.). Тоа беше нивни трет меѓусебен дуел и трета победа на 26-годишниот Русин кој на тој начин стигна до своето второ четвртфинале во Мадрид.

За да го постигне својот најдобар резултат на Мастерсот во Мадрид, Рубљов во следниот меч ќе мора да го совлада подобриот од дуелот меѓу бранителот на титулата, Шпанецот Карлос Алкараз и Германецот Јан-Ленард Штруф.

Можете да прочитате

Тренерите ќе имаат право двапати да бараат проверка на ВАР за време на еден натпревар

Чави демантира проблеми со раководството на Барса и најавува дека останува тренер и идната сезона

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата