Утрински Весник
Македонија

ДОМ на лидерска средба со Европските Зелени: Интеграцијата на Македонија и Западен Балкан во ЕУ е од исклучителна важност за безбедноста на регионот

Dom egp.jpg

Соопштение на ДОМ:

Зелената агенда и понатаму останува најсилниот и најрелевантен одговор на глобалните предизвици во сегашниот геополитички и безбедносен контекст за цела Европа, а особено за земјите од Западен Балкан. Ова беше главната порака што ја истакна ДОМ на Состанокот на лидерите на зелените партии од Европа, претсавуван од ко-претседателката, Ана Угринска, кој се одржа во Брисел на 8 мај (петок).


Во рамките на состанокот таа оствари и повеќе средби на кои дополнително беа потврдени и зајакнати позициите на зелените партии во насока на зачувување на зелените вредности, со посебен акцент на почитувањето на демократските принципи, меѓународното право и безбедноста. Притоа беше истакнато дека европската интеграција на земјите од Западен Балкан претставува важно прашање за стабилноста, безбедноста и демократската отпорност на Европа, како и дека е потребна поефикасна и пообединета Европска Унија, ослободена од блокади и злоупотреби на правото на вето во процесите поврзани со европската интеграција и заедничките стратешки политики. „Интеграциските процеси се од исклучителна важност не само за Македонија и земјите од Западен Балкан туку и за цела Европа и во таа насока сега е вистинскиот момент за укинување на ветото како блокирички механизам и на тој начин да се зајакне европската соработка во областа на дипломатијата и безбедноста” – потенцираше Угринска.

Како полноправна членка на Европската зелена партија, ДОМ ќе продолжи активно да учествува во сите процеси кои придонесуваат за демократија, безбедност и владеење на правото. Само на тој начин директно се практикуваат заложбите кои даваат вистински придонес кон евро-интеграциските процеси на нашата земја.

Можете да прочитате

Две жени тешко повредени откако со автомобил излезале од патот кај Ресен

Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка

Гостиварец ја натепал и ограбил сопствената мајка