Утрински Весник
Свет

Докторот на папата Франциск: Знаев дека нема што да правам повеќе

Papa 1.jpg

Папата Франциско ненадејно почина во понеделникот наутро поради мозочен удар, брзо и без болки, изјави неговиот лекар Серџо Алфијери.

Алфијери, лекар во римската болница Ѓемели, кој го надгледуваше лекувањето на папата за време на претходната хоспитализација поради билатерална пневмонија, рече дека бил повикан во Ватикан околу 5:30 часот во понеделникот и пристигнал 20 минути подоцна, објави Ројтерс.


„Влегов во неговата соба и видов дека очите му се отворени. Немаше проблем со дишењето, но кога го повикав, тој не одговори. Знаев дека нема што да правам повеќе. Падна во кома”, изјави Алфијери за весникот “Кориере дела сера”.

Можете да прочитате

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе