Утрински Весник
Спорт

Доколку го освојат СП, секој германски играч ќе добие по 400.000 евра

Доколку го освојат СП, секој германски играч ќе добие по 400.000 евра

Во случај германската фудбалска репрезентација да го освои Светското првенство во Катар, секој репрезентативен член ќе добие по 400.000 евра, соопшти денеска Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ).

dobivaj vesti na viber

На преговорите во име на играчите присуствувалe капитенот Мануел Нојер, Томас Милер, Џошуа Кимих и Илкај Гундоган.

„Одрживме интензивна дискусија во добра и конструктивна атмосфера. На крајот најдовме прифатливо решение за сите“, изјави претседателот на ДФБ, Берн Нојендорф.

Според договорот, секој играч ќе добие по 50.000 евра за првото место во групата, 100.000 за пласман во четврт-финалето и 150.000 евра за пласман во полуфиналето.

Освојувањето на третото место на секој играч ќе му донесе по 200.000 евра, а пласманот во финалето 250.000 евра.

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања