Утрински Весник
Магазин

Ријана ќе настапи на полувремето на „Супербоул“ во Аризона

Ријана ќе настапи на полувремето на „Супербоул“ во Аризона

Ријана ќе настапи на шоуто на полувремето на „Супер боул“ во февруари во Глендејл, Аризона, објави Националната фудбалска лига на САД (НФЛ) во неделата.

dobivaj vesti na viber

Добитничката на Греми од Барбадос го пополнува едно од најпосакуваните места во музичкиот календар на САД што го гледаат милиони телевизиски гледачи годишно. Претходни изведувачи на полувремето беа Мајкл Џексон, Принс, Бијонсе, Миси Елиот, Лејди Гага, „Ролинг стоунс“, Пол Макартни, Мадона, Брус Спрингстин и Ху.

„Суперболот“, најголемиот настан во американскиот фудбал, се одржува на стадионот „Стејт Фарм“ во Глендејл на 12 февруари.

Можете да прочитате

Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб