Утрински Весник
Спорт

„Додека Де Хеа е на голот, Јунајтед нема да освојува трофеи“

„Додека Де Хеа е на голот, Јунајтед нема да освојува трофеи“
300x250 (7)

Рој Кин, поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, упати остри критики кон голманот Давид Де Хеа. Шпанецот, сезоната ја заврши како најдобра голман во Премиер лигата. Сезонава на 17 натпревари не прими гол.

dobivaj vesti na viber

Кин смета дека наградата што ја доби Де Хеа не значи ништо. Категорично тврди дека Манчестер јунајтед треба што поскоро да ја прекине соработката со голманот, кој „премногу грешеше во последните години“ и како таков не им влева самодоверба на играчите од одбраната.

300x250 (7)

„Манчестер јунајтед ќе мора да се подобри во дефанзивата следната сезона, бидејќи тие беа многу лоши оваа сезона. Ги гледам сите играчи на Јунајтед како го тапкаат Де Геа по грбот… Би го исфрлил од клубот. Кај мене тој не би ме бранел. Со него на голот, Манчестер не може да освојува трофеи“, вели Кин и допоолни.

„Фактот што соиграчите му честитаат и го тапкаат по грбот е лудост – тоа е неговата задача. Не, не би го задржал како втора опција на голот. Тој не би го ни прифатил и би заминал. Да, имаше неколку добри натпревари, освои некои индивидуални трофеи, но зошто е сето тоа? Поентата е што победува тимот. Мислам дека имаше премногу грешки сите овие години. Освен тоа, сакаше да го напушти клубот пред неколку години и оди во Реал Мадрид“, потсети Хи Кин.

Шпанскиот голман е во Манчестер од 2011 година.

Ss1

Можете да прочитате

Скандал во Премиер лигата: Двајца фудбалери уапсени под сомнение за силување

Ограбена куќата на Лука Вилдоза во текот на натпреварот на неговиот тим во Евролигата

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи