Утрински Весник
Македонија

До крајот на седмицата ќе имаме температурна инверзија: Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло!

Meteoalarm.mk 53.png
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Кога сме веќе во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), и кое ќе продолжи до крајот на седмицава, и сето ова ќе биде придружено со значително поголема влажност во воздухот. Во ваква ситуација по котлините и понатаму ќе има појава на густа магла и токму на овие места ќе биде многу поладно, појава на густа магла понатаму ќе продолжи да има  и во Скопската котлина. Ќе биде претежно тивко и променливо облачно.


Во петок ќе има услови за сосема слаб и локален дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се задржат за некој степен над или околу нулата, а во котлините со магла тие ќе бидат пониски и ќе се спуштаат под нулата, а многу поладно за разлика од другите места, односно повисоките, планинските места и Скијачките центри ќе биде токму во котлините со густа магла и ниска облачност и преку ден.

Што се однесува до максималните дневни температури, тие ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуват во интервалот од 8 до 16 степени, во Скопје таа постојано ќе биде до околу или под 10 степени, а наутро таа ќе се спушта до близу или околу нула степени.

Да напоменам дека кога котлините се поладни од високите места  и планините, тоа се нарекува температурна инверзија, која се очекува да продолжи во Македонија  и во следните денови.

Можете да прочитате

45 поднесени кривични пријави до сега во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 66 лица

Директорот на М-НАВ работел како контролор на празник за да добие двојна дневница!?

По две децении промена во Струмица, Петар Јанков го презеде градот од Костадинов