Утрински Весник
Економија

Дизелот поевтинува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00 % во однос на одлуката од 19.9.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 2,00 денара/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува 2,50 денара/л и сега ќе изнесува 86,50 денари/л.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и на „евросупер БС-98“ и на мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 22.9.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 84,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 87,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 90,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 50,391 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,552 %, кај дизелот 4,177 %, кај екстра-лесното масл 4,421%  и кај мазутот намалување од 1,503 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,519 %.

Можете да прочитате

СДСМ: Животниот стандард на граѓаните е урнат – 50% од вработените имаат плати до 36.000 денари

Бугарија влегува во трката за бакар, Македонија сè уште не го активира потенцијалот на Иловица

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ