Утрински Весник
Македонија

Истуриле пепел по правење зимница, па избувнал пожар – интервенирале скопските пожарникари

Pozar treva.jpg

Правењето зимница завршило со пожар во скопското село Горно Соње, откако сопружници истуриле пепел од ќумбе во близина на викенд куќа, при што најверојатно во него останал жар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 19:50 часот било пријавено дека во Горно Соње избувнал пожар во кој биле зафатени викенд куќа и трева.


Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и разговарале со 74-годишниот Д.М., сопственик на викенд куќата.

Тој на полицијата ѝ објаснил дека заедно со сопругата правеле зимница, по што пепелот од ќумбето го истуриле во близина на куќата и си заминале. Според првичните информации, најверојатно во пепелта останал жар, по што избувнал пожарот.

Во пожарот нема повредени лица. Интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која го изгаснала огнот.

Можете да прочитате

17-годишна девојка пријавила дека ја малтретирале невенчаниот сопруг, неговата мајка и 15-годишната сестра

УАПСЕН „КРАДЕЦОТ НА ВЕЛОСИПЕДИ“ ВО СКОПЈЕ: Полицијата одзеде 12 велосипеди

Министерот Муцунски ќе учествува на Меѓународната конференција за Коридорот VIII во Софија