Утрински Весник
Скопје

ЈП „Лајка“ започнува со едукативен караван

1000018584.jpg

„Веруваме дека највредната инвестиција што едно општество може да ја направи е вложувањето во младите генерации – затоа што токму тие, со развиена емпатија, знаење и чувство за одговорност, го менуваат светот на подобро. 

Нашата прва станица беше ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Скопје , каде што имавме чест да се дружиме и да разговараме со учениците од 7 одделение . Со заеднички ангажман на нашиот тим и со значајна поддршка од Велика Миленковска , дефектолог од училиштето, успешно ја реализиравме првата од низата едукативни активности. 


Темата „КАКО ДА БИДАМ ОДГОВОРЕН СОПСТВЕНИК НА МОЈОТ МИЛЕНИК“ отвори важни прашања и поттикна искрени, зрели дискусии за:

• хуман однос кон животните 

• одговорностите што ги носи сопствеништвото 

• значењето на стерилизација/кастрација 🩺

• правилна грижа, вакцинација и идентификација 💉📋

• превенција од напуштање и намалување на бројот на бездомни кучиња 🚫🐕

Едукацијата кај децата претставува клучна долгорочна мерка – темел врз кој се гради похумана, побезбедна и поодговорна заедница. 

ЈП „Лајка“ продолжува со посветеност , стручен пристап и внимателно креирани едукативни материјали, прилагодени на возраста на учениците. Веруваме дека преку заедничка соработка создаваме свест што остава трајна вредност – за луѓето , за животните и за општеството во кое живееме“, стои во соопштението на ЈП „Лајка“.

Можете да прочитате

Координативен состанок со скопските градоначалници за последиците од невремето

Екипите на Општина Чаир непрекинато на терен по невремето

ЈП Комунална хигиена спроведува активности за расчистување по вчерашното невремето