Утрински Весник
Свет

Директорот на СЗО: Новата пандемија е неизбежна, треба да бидеме подготвени

Szo.webp.webp

Пандемијата не е завршена приказна, туку неизбежна иднина – предупреди генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Говорејќи на отворањето на 13. седница на Меѓувладиното преговарачко тело, тој порача дека нова пандемија ќе се случи, и тоа не е теоретски ризик, туку епидемиолошка сигурност.

„Може да дојде за 20 години, а можеби веќе утре. Но, ќе дојде. И мора да бидеме подготвени“, изјави Тедрос, потсетувајќи дека Ковид-19 официјално однел 7 милиони животи, но реалната бројка се проценува на дури 20 милиони.


СЗО работи на меѓународен договор за превенција од идни пандемии. Тедрос истакна дека договорот нема да го наруши националниот суверенитет, туку ќе го зајакне преку заедничка акција и солидарност.

Тој ги повика 194 земји-членки да не ги потрошат залудно три и пол години разговори и да го постигнат историскиот договор до мај на Светското здравствено собрание во Женева.

„Новата пандемија може да биде поразорна и од војна. Еболата и други епидемии веќе се случуваат. Сега е време за акција, не за поделби“, порача Тедрос.

Договорот сè уште се соочува со пречки – особено околу интелектуалната сопственост, споделување информации за патогени и пристапот до вакцини и лекови.

Можете да прочитате

Авион со шест лица се урна во државата Њујорк

Еквадор прогласи вонредна состојба пред вториот круг од претседателските избори

Норвешка ќе обезбеди речиси една милијарда долари помош за украинската армија