Утрински Весник
Македонија

Директорите на ФЗОРСМ остварија средба со претставници на ССМ и УПОЗ

Fzom 1.jpg

Двајцата в.д директори на ФЗОРСМ, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска остварија средба со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ и Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, како и со Бојан Трипуновски, генерален секретар на УПОЗ, и Зоран Печевски, претседател на синдикатот на ФЗОРСМ.

На средбата беше истакната важноста на социјалниот дијалог, како и Колективниот договор и проблемите во неговото спроведување.

Во непосредно минато ФЗОРСМ се соочи со штрајк поради нерешавање на наталожените проблеми.

Раководството на ФЗОРСМ е посветено на социјалниот дијалог и дава целосна поддршка во исполнување на колективните договори. Подобри услови за работа се важен дел во подобрување на здравствените услуги.

Можете да прочитате

Гостиварец измамил сопственик на фирма за 110.000 денари

Жерновски: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

На граѓани им се слошило пред Алта банка во Битола, Брзата помош интервенирала неколкупати