Утрински Весник
Македонија

Отворена врата за француските компании за инвестирање во енергетиката – средба Божиновска – Баумгартнер

1000015139 800x534 1.jpg

Искуствата на Република Франција, како една од водечките држави во Европската Унија, во делот на енергетиката, декарбонизацијата и зелената транзиција може да бидат мошне значајни за Македонија, беше заклучокот од денешната средба на Сања Божиновска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини со Сирил Баумгартнер, амбасадорот на Република Франција во земјава.

Договорена е поинтензивна соработка и размена на мислења и искуства со француските експерти во делот на енергетиката.

Министерката Божиновска ја истакна отвореноста за француски инвестиции во секторот енергетика, имајќи го предвид присуството на француски компании во Западен Балкан.

За време на средбата, покрај останатото, беа покренати прашања од аспект на билеталарните економски односи меѓу двете држави и притоа, заеднички беше констатирана подготвеноста да се пристапи кон посуштински разговори со цел конкретизирање на идната соработка во периодот што претстои.

Можете да прочитате

Девојка пронајдена мртва на браната Градче кај Кочани

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите

Бешлиовска за тримесечното бебе со модринки: Со име и презиме да бидат прозвани сите што згрешија за овој случај