Утрински Весник
Македонија

Димитриеска-Кочоска од Брисел: Посветени сме на реформите и на инвестиции што ќе не приближат до ЕУ

Dimitrieska Kocoska Vo Brisel.png

Владата е силно посветена на спроведување на реформите што се дел од Реформската агенда и кои претставуваат вистински патоказ за побрзо приближување кон ЕУ и за подигнување на стандардот на граѓаните, порача денеска во Брисел министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на средби со претставници од Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР). 

– Она што е клучно и на што Владата посветува внимание е спроведувањето на реформите со цел постигнување забрзан економски раст. Покрај Реформската агенда, која заедно е утврдена со ЕК, имаме многу активности предвидени во Програмата за работа 2024-2028 година, а кои ќе носат промени за подобро утре, рече Димитриеска-Кочоска. 

Таа посочи дека еден од најзначајните документи кои ги отсликува политиките што ќе се креираат – Буџетот за 2025 година, е подготвен и доставен во собраниска процедура.  

– Она на што ќе бидеме посветени меѓу другото се реализација на инвестициите затоа што тие носат економски раст, но секако приоритет е и борбата со криминалот и корупцијата, истакна министерката за финансии. 

Димитриеска-Кочоска нагласи дека претстои многу работа во реализација на реформите и при тоа се заблагодари за поддршката што земјата ја добива од ЕУ. Во разговорите на средбите беше нагласено дека напредокот во спроведувањето на реформите, како и зајакнување на капацитетите на администрацијата, ќе отворат можност и за поголем пристап до средства од фондовите на ЕУ и за зголемени инвестиции. 

Димитриеска-Кочоска, вчера во Брисел учествуваше на конференцијата „Гласови, избори и лидерство: Пресвртна точка за Европа?“ организирана на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“, каде беше еден од говорниците на панелот насловен „Проширување на Европа: По која цена и со каква структура?“, а пред тоа имаше средба и со претставници на Европската народна партија (ЕПП).

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!