Утрински Весник
Македонија

Димитриеска – Кочоска и ден по скандалот не се извини – за неа темата со Петровска била затворена

Dimitrieska Kocoska Ministerka.jpg

Гордана Димитриеска – Кочоска, министерката за финансии, која вчера упати навреда на лична основа, како жена кон пратеничката на СДСМ и поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, откако на пратенички прашања во Собранието и рече дека таа „нема деца и не треба да коментира за семејната месечна потрошувачка кошничка“, нити денес не се извини за кажаните зборови кои покрај пратеничката ги погоди и сите останати жени во државава кои немаат деца.

– Вчера бев многу јасна. Јас очекувам овој случај да биде затворен. Веќе изразив желење за целиот контекст. Таа самата го знае тоа дека немав намера никого да навредам. Таа глуми жртва откако претходно се искоординиралекако да настапат. Ниту една туѓа навреда кон мене нема да ме натера да навредувам. За мене таа тема е затворена и се фокусирам на мојата работа за која имам одговорност.
Им пречам затоа што темелно си ја работам работата чекор по чекор. Цел сум на лажни соопштенија и изјави со месеци, па не слушнавте од мене да излезам и да се жалам, коментираше министерката како одговор на новинарско прашање.


Димитриеска – Кочоска за денеска свика прес-конференција, на која ги презентираше резултатите на странските директни инвестиции, а одговорот на новинарското прашање и беше подготвен и прочитан.

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката за финасии после вчерашните дискриминаторски навреди упатени Петровска.

На прес-конференцијата, пратеничката Јована Треневска, нагласи дека министерка која понижува граѓанки не заслужува да води министерство.

Можете да прочитате

Мицкоски: Посветени сме на градење цврсто партнерство со Турција

Мицкоски од Турција: Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес

Средба на Муцунски со МНР на Турција, Хакан Фидан