Голманот на шпанскиот фудбалски Ла-лигаш Рајо Валјекано, македонскит репрезентативец Столе Димитриевски на крајот од сезоната како слободен играч ќе се пресели во редовите на Валенсија. Според шпанскиот спортски весник „АС“, Димитриевски кој има забележителни настапи за тимот од Мадрид, веќе се догворил со Валесија за преселба на „Месталја“. Валеснија е сега е осмопласираниот тим во Ла Лигата, има три бода кусок, но и натпревар помалку од позицијата што води во Конференциската лига на УЕФА. Валенсија веќе го планира тимот за новата сезона. Тимот од „Месталја“ има намера да го продаде својот прв чувар на мрежата Ѓорги Мамардашвили од Грузија и со парите да ги засили своите редови, а во тој мозаик се вклопува и македонскиот чувр на мрежата Димитиревски. -Во оваа стратегија се вклопува и потегот на Димитриевски, голманот на Рајо Валјекано чиј договор завршува на 30 јуни. Голманот кој е во тимот од Мадрид од 2018 година, не одговорил на понудата за продолжување на соработката. Поради ова клубот од Мадрид почнува да станува нетрпелив, бидејќи му треба одговор за да може да ја планира следната сезона и порачува дека понудата веќе може да има рок на траење. И ова доцнење на одговорот од голманот Димитриевски има врска со Валенсија, бидејќи, како што дознава овој весник, постои начелен договор меѓу двете страни Македонецот следната сезона да го брани голот на Валенсија“, се вели во објавата. На овој начин, Мамардашвили би бил едно од средствата на Валенсија за да се обиде да ја наполни својата каса за летниот пазар. Неговите добри настапи во Ла Лига веќе го привлекоа интересот на премиерлигашите минатата сезона, а понудите сигурно ќе дојдат повторно оваа година“, пишува „Ас“. Според „Трансфермаркет“, Мамардашвили, кој има договор со Валенсија до 30 јуни 2027 година, во моментов вреди 28,5 милиони евра, а Димитриевски 3,7 милиони, плус на крајот од сезонава е слободен играч.