Утрински Весник
Спорт

Лазаров без неколкумина проверени кандидати на тест-двомечот со Романија

Lazarov 696x400 1.jpg

Македонската машка ракометна репрезентација ги почна подготовките за тест-двомечот со Романија кој ќе се одигра во рамките на ЕХФ неделата во градот Браила на 15. и 16. март. За македонките селектор Кирил Лазаров, селекцијата на Романија е вистинскиот противник да се види што можат да пружат неговите избраници пред бараж пресметката со Фарски Острови за пласман на Светското првенство (СП) 2025. -Ќе се обидеме да ја искористиме оваа недела. Целта е да им се даде поголема шанса на ракометарите кои немаат голема минутажа и да добијат искуство пред баражот против Фарски Острови. Романија е квалитетен тим и добар тест пред пресметката со Фарски Острови. Проблем за нас е тоа што останавме без Ненад Костески, Томи Јагуриновски и Филип Кузмановски поради повреди, па останува шанса да добијат останатите играчи, соопшти Лазаров на стартот од подготовките.

Неизвесен е настапот на овоие контролни мечеви и за Милан Лазаревски и Павле Атанасијевиќ.

Можете да прочитате

РК Охрид вечерва го игра првиот дуел од финалето во ЕХФ Европскиот куп

Барди и Коњаспор остана без трофеј во Купот на Турција

ФИФА планира Мундијал со 66 репрезентации