Утрински Весник
Македонија

ДИК со првични резултати од прегалсувањето на седумте избирачки места

Dik 2.jpg
Dik 300x250 mk

Според првичните неофицијални резултати кои ги соопшти Државната изборна комисија (ДИК) по денешното прегласување на седум избирачки места во 5. и 6. изборна единица, коалицијата Вреди на здружената албанска опозиција освои уште еден мандат, а ДУИ загуби. Во шестата изборна единица се прегласуваше на едно избирачко место, во Желино, по кое коалицијата на ДУИ падна од 19 на 18 пратенички мандати, израмнувајќи се со СДСМ. Вреди од 13 се зголеми на 14 пратенички места. Денеска се прегласуваше и на шест избирачки места во петтата изборна единица, кои не донесоа измени во распределбата на пратеничките мандати. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ остана на 58 пратеници, коалициите на СДСМ и ДУИ имаат по 18, Вреди 14, Левица 6 и ЗНАМ 6.

Можете да прочитате

Новата работна недела ја почнуваме со многу повеќе сонце и со суво време

ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, СДСМ во 9, ВРЕДИ во 8 и НАИ во 5 општини

Мицкоски: Победа во над 30 општини, Орце води убедливо во Скопје