Утрински Весник
Македонија

ДИК предупреди дека неколку избирачки одбори не постапувале според упатството за гласање

Sehu.jpg

Државната изборна комисија (ДИК) одржа вонредна прес-конференција на која потпретседателката Дитмире Шеху соопшти дек имаат информации од терен дека дел од избирачките одбори не постапувале согласно надлежностите што произлегуваат од Изборниот законик и подзаконските акти. Шеху информира дека имало избирачки одбори кои не го почитувале упатството за начинот на гласање на неколку избирачки одбори во неколку општини. Таа ги потсети изборните органи дека треба да го почитуваат законот и сите напатствија што ги донела ДИК, а се однесуваат на начинот на гласање, во спротивно, според Изборниот законик, секој член на изборниот орган кој го попречува гласањето ќе се казни со најмалку три години затвор. -Имавме пријави од неколку општини. Упативме забелешки дека не треба да се повтори истата грешка што претходно ја направиле. Излеговме со оваа прес-конференција за да не се јавуваме до секој избирачки одбор или до секоја општинска изборна комисија за да не ја повторат грешката што ја правеле досега. Има неколку општини и заради коректност не би сакала да истакнам кои се бидејќи тие ја поправија грешката и гласањето тече како што треба, рече Шеху.

Можете да прочитате

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите – врз кои параметри е одобрена употреба на техничка вода во Гостивар?

Ново поскапување на горивата, дизелот близу 100 денари за литар

Генералниот секретар на ТХП, Џабир Доко: Претставеноста на турската заедница не смее да биде сведена на симболика