Утрински Весник
Македонија

ДИК го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје

20250822135802 big 730x400 88.webp.webp
Dik 300x250 mk

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје. ДИК продолжи со работата по преостанатата четврта точка од дневниот ред на 130. седница. Денеска беше кажано дека од правната служба на ДИК било добиено писмено известување со мислење по барање на членот на ДИК, Дитмире Шеху.

За четвртата точка – предлог упатство за пополнување на образец на листи за членови на совет на општина, односно членови на совет на Град Скопје, „за“ гласаа петмина членови, а еден „против“.


– Согласно Изборниот законик и Деловникот, ДИК одлучува со мнозинство гласови. Констатирам дека од избраните членови на ДИК – седум, шест се присутни на оваа седница, пет гласаа „за“, еден гласаше „против“. Според тоа, оваа одлука е донесена со пет гласа „за“ и еден „против“. Она што се повикувате процедурално на членот 31.34г беше иницијално на првата седница, кога побаравте да се гласа со консензус, бидејќи немаше консензус, ја спроведовме оваа дополнителна постапка и го добивме мислењето. После тоа веќе немаме законски услови да бараме гласање со консензус, туку со мнозинство гласови, рече претседателот Борис Кондарко, по излагањето на Шеху.

Согласно Изборниот законик, како што истакна Кондарко, натамошна правна процедура по правен лек е дозволено со право на тужба до Управниот суд од страна на членот на ДИК, кој има спротивно мислење од ваквата одлука на ДИК. 

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница