Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени

Pozar 2.webp.webp

До 12:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во општина Прилеп, кај село Беловодица – место викано Ливада и село Лењиште, каде е зафатена букова шума и во општина Долнени, кај селата Стровија и Долгаец, каде гори мешана шума.


Под контрола е ставен пожарот во повеќенаменско подрачје „Јасен“, каде гореше мешана шума.

Во скопскиот регион изгаснати се пожарите на територија на општина Сопиште: кај браната на езерото Козјак (ниска вегетација и шума) и 
во општина Студеничани: села Горно Количани и Драчевица – планински врв Китка (мешана шума). 

Изгаснати се пожарите и во општина Кичево: село Душегубица (ниска вегетација и ниска шума), општина Велес: село Клуковец (ниска вегетација), општина Росоман: село Дебреште (ниска вегетација) и во општина Демир Хисар: село Кутретино (депонија).

Можете да прочитате

Лапе: Прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид во земјава, овчарот од Старо Нагоричане ќе се товари вкупно за шест убиства

Приведен охриѓанец, на сила одзел телефон на женско лице, нападнал полициски службеници и во домот поседувал дрога

Повредни две лица во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и електричен тротинет управуван од шестгодишно дете