Утрински Весник
Магазин

Диететичарка ја открива која е најдобра храна за добар и квалитетен сон

1140 Berries Superfood.jpg

Ништо не може да се спореди со добар ноќен одмор, но за многумина квалитетниот сон може да биде недостижен. Иако квалитетот на сонот не е секогаш под наша контрола, факторите како што се начинот на кој го организираме денот и како се релаксираме во текот на ноќта може да ги зголемат нашите шанси да спиеме подолго и подобро. Изборот на исхрана исто така може да влијае и на сонот.

Одредени намирници содржат мелатонин и триптофан, хранливи материи кои можат да поттикнат одмор и потенцијално да ни помогнат да спиеме подобро. Диететичарката Антеа Леви откри неколку такви намирници кои се одлични за добар и квалитетен сон.

1. Киви

Леви вели дека кивито е природно богато со серотонин, мозочна хемикалија која го стимулира производството на мелатонин во мозокот.

„Едно мало истражување спроведено на возрасни со нарушувања на спиењето покажа дека консумирањето две киви еден час пред спиење доведе до значително подобрување на квалитетот на сонот“, изјави диететичароката за Health.

2. Риба

Јадењето незаситени омега-3 масти, кои се наоѓаат во масните риби како лососот, може да го подобри квалитетот на сонот, тврди диететичарката.

„Една опсервациска студија на 495 жени на возраст од 20 до 76 години покажа дека жените кои пријавиле дека јаделе помалку незаситени масти имаат значително поголема веројатност да имаат лош квалитет на сон“, истакна таа.

Таа советува да се обидете да јадете мрсна риба два до три пати неделно. „Лососот, сардините и скушата од Атлантикот или Пацификот се богати со антиинфламаторни омега-3 масти и витамин Д, две хранливи состојки поврзани со подобар сон“, додаде таа.

3. Храна богата со растителни влакна

Обилната салата веројатно нема да нè заспие, но може да има индиректен ефект врз нашиот сон. Тоа е затоа што здравјето на цревниот микробиом, кој се однесува на трилиони бактерии во дигестивниот тракт, постојано е поврзано со квалитетот на сонот, објаснува Леви.

Извори на хранливи материи на влакна вклучуваат:

Овошје: малини, капини, круши, јаболка

Зеленчук: артичок, брокула, сладок компир, зелен лиснат зеленчук

Мешунки: грав, наут, грашок, леќа

Јаткасти плодови: бадеми, ф’стаци, костени

Семиња: чиа семе, мелено ленено семе, семки од сончоглед

Цели зрна: овес, кафеав ориз, киноа

„Не постои брз лек за добар сон. Сепак, оваа храна содржи хранливи материи кои го поттикнуваат спиењето, како што се триптофан и мелатонин. Урамнотежената исхрана, богата со незаситени масти од риба и влакна од овошје, зеленчук и житарки, исто така може да помогне во подобрувањето на квалитетот на сонот“, заклучи диететичарката.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста